Со младинската банка Ѓорче Петров, со поддршка на Младите можат и Општина Ѓорче Петров , управуваат 6 членови на Одборот за младинската банка, кои се млади луѓе на возраст од 15 до 30 години, избрани на јавен повик и обучени да ја водат програмата за мали грантови. Членовите на Одборот, врз основа на приоритетите и потребите на младите, може да распишат конкурс и да одлучуваат за финансирање на проекти на неформални групи на млади во општината.
Фонд на Младинската банка за проекти на неформални групи во општина Ѓорче Петров:
Фондот за младинската банка е заеднички обезбеден од Здружение на граѓани „Младите можат“ Скопје и Општина Ѓорче Петров. Младинската банка Ѓорче Петров има отворен повик за предлог проекти до јуни 2021 година.
Кој може да поднесе предлог проект до Младинската банка Ѓорче Петров?
Индивидуи или неформални групи на млади од 15 до 30 години (сите мора да бидат активно вклучени во подготовка и реализација на проектот) кои живеат на територијата на општината Ѓорче Петров;
Оние кои имаат идеи како да ги подобрат условите за живот на младите во средината во која живеат;
Млади кои се активни и имаат волја, пријатели, соседи и други познаници кои се спремни да направат нешто за себе и за својата заедница.
Што поддржува младинската банка?
Проекти кои се реализираат на територија на општина Ѓорче Петров и имаат за цел:
зајакнување на соработката и подобрување на животот на младите на кој било начин;
оригинални, интересни и корисни проекти кои ги поттикнуваат другите млади да се вклучат и да бидат активни членови на заедницата во која живеат;
проекти кои одговараат на локалните потреби и имаат влијание на локалната заедница
посебно се поддржуваат проекти во областа на: културата, рекреативен спорт, слободно време на младите и простор за изразување и делување на млади, вработување и образование на младите, здравствена заштита на младите, социјална политика со фокус на социјално претприемништво, екологија, грижа за улични животни, безбедност во сообраќај, унапредување на урбанистичката опрема и јавните површини во општината
Се прифаќаат предлог-проекти кои: имаат јасна идеја, цел и план за реализација, имаат одредено место, време и траење на проектот, ги исполнуваат критериумите за да добијат поддршка од фондот на младински банки, имаат јасно дефиниран и точен буџет, доставени се пред истекот на рокот за пријавување.
Младинската банка Ѓорче Петров ќе поддржи проекти во износ од 20,000 до 50,000 денари.
✅Ако да, побрзај и смисли предлог проект за промена во општина Ѓорче Петров која сакаш да ја видиш.
Линкот \uD83D\uDC49\uD83C\uDFFB https://bit.ly/3i9FUTM
Младите Можат – Youth Can