Мени

Вести

10јуни

Асфалтирани уште две улици во УЗ Дексион

Градежната офанзива во општина Ѓорче Петров продолжува. Заврши реконструкцијата и на улица Кадињача и крак на улица Гостиварска.

09јуни

Одбележан 5 јуни-Светски ден на животната средина

„Размислувај глобално, делувај локално“ е императив за општина Ѓорче Петров. Денеска на практичен начин придонесуваме за заштита на животната средина и намалување на емисиите на CO2 во атмосферата. Oпштина Ѓорче Петров во наредниот период на јавни објекти (училишта и детски градинки) ќе постави фотофолтаични централи во вкупна инсталирана снага од 80 -тина KW.

09јуни

Асфалтирана улица 20 во Волково

Решен е долгогодишниот сообраќаен проблем на околу 70 семејства кои живеат на улица 20 во Село Волково. Општина Ѓорче Петров пристапи кон асфалтирање на улицата во должина од 1250 метри. Нанесен е асфалт на површина од 6000 метри квадратни.

09јуни

Скопје вежба! Ѓорче Петров вежба!

Секој Понеделник и Среда од 18:00-19:00 часот во Паркот во Ѓорче Петров аеробик, моторика и пилатес. До крајот на јули, ѓорчепетровци имаат можност преку стручните совети на лица од Факултетот за физичко образование, спорт и здравје да се рекреираат, да го подобрат своето здравје и да ја одржат физичката форма.

09јуни

(Видео) ДУП-от во Хром е направен со темелна анализа и редовна комуникација со жителите

Од прв ден знаевме што правиме. Овие три години работиме интензивно. Од прв ден како администрација знаеме што правиме, од прв ден знаевме дека ќе генерираме раст и од прв ден како администрација ветивме

09јуни

Повик за проекти Младински Локални Банки Ѓорче Петров

Со младинската банка Ѓорче Петров, со поддршка на Младите можат и Општина Ѓорче Петров , управуваат 6 членови на Одборот за младинската банка, кои се млади луѓе на возраст од 15 до 30 години, избрани на јавен повик и обучени да ја водат програмата за мали грантови.

Календар на планирани настани


Пон
Вто
Сре
Чет
Пет
Саб
Нед
 logo_iso_2021 Finansiski_indikatori Corona_virus

Поставени се колачиња (cookies) на Вашиот уред со цел да се подобри функционалноста на оваа веб страница.

Потребни ми се дополнителни информации | Политика за користење на колачиња (cookies)

Се согласувам Не се согласувам